Овој период овошните дрва се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток од вода. Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодо образувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата. Кога младите дрвца ке почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до 50см од врвовите на гранчињата. Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите плодови да бидат со повисок квалитет. Кај јаболката и крушата проредувањето се врши кон крајот на месецот, откако ке помине природното јунско проредување.
Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година па затоа треба дрвата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се обработува редовно. Ако на крајот на месец мај е пропуштено второто прихранување на дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во месец јуни.
Постепено започнува бербата на јагодите. Обилното наводнување и соодветното оплодување се од големо значење за формирање на цветни папки за наредната година. Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки,крушкова болва, свиткувачи и сл. Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеа од неродни леторасти, од плодните прачки се отстрануваат вишокот неплодни леторасти,притоа задржувајки се на сооднос 2:1 за радни леторасти. Стискање Се отстранува врвот на прачката 1-2см или 1-2 неразвиени листови. Целта е да се намали
одливот на ресите во мустаќи. Ова се врши рано, веднаш откако ке се појават ресите. Исто така оваа мерка помага хранливите материи да се насочат до ресите.
Кршење
Се отстрануваат зголемените врвови на леторастите заедно со 5-6, најмногу до
неразвиени листови.
Лачење
Се отстрануваат целосно или делумно траничните леторасти, кои што потекнуваат од летните очи на главниот летораст. Сечење на кората на леторастите Првенствено се применува кај трпезната сорта Болгар со цел забрзување на созревањето,за зголемување на големината на зрната и за зголемување на квалитетот на грозјето. Сечењето на кората на леторастите се врши малку пред ресата со цел хранливите материи кои што доаѓаат од врвовите на леторастите да не преминуваат кон стеблото,туку да ја ја хран ат ресата односно гроздовите. Овој период убаво е да се изврши плитка обработка на почвата. Исто така се води грижа за новите лози. Потребно е да се внимава и на почвата околу пенушките и доколку е поткопана или оштетена од дождовите треба да се корегира и да се надополни. Кон крајот на месецот почвата околу младите лози се разровкуваи се отстрануваат т.н росни
корени.Во текот на овај месец потребно е да се следаи и појавата на болести и штетници и да се третираат со соодветни, дозволени фунгициди, инсектициди и акарациди.