Врз основа на сликите, почетниците ќе заклучат дека Auricularia Auricula-Judae не била печурка. Сепак, ова е само доказ за разновидноста на светот на печурките. Постојат многу отровни видови од кои некои живеат на земјата, а некои, како што е опишано овде, на збрчканите гранки и гранчиња.
Описот на печурката е многу различен од стандардниот.
Печурката нема капа ниту стебленце, туку уникатно плодно тело со неправилна форма, што најчесто наликува на уво. Неправилни брчки се забележуваат и внатре и надвор од “увото”.
Бојата на плодното тело се движи од маслинесто кафеава до виолетова сива, на места каде што исушената боја може да биде антрацит црна боја.
Месото од печурката е еластично, кај млади примероци, желатинозно пифтиесто, меко, а кај постарите и сушените, жилаво и тврдо. Исушените примероци, кога ќе се наводенат, се враќаат кон пифтиестата консистенција.
Вкусот и мирисот не се изразени. Бојата на спорите е бела.
Оваа печурка може да се најде во пролетта на гранките и гранчињата на разни горски дрва, најчесто бозел, тоа е дрвото на кое, според традицијата, обесенило Јуда, и затоа оваа печурка била именувана по тоа.
Печурката се јади, но е без карактеристичен мирис и вкус, и бидејќи нема опасност, јадете ја слободно.
Во литературата, пронајдено е дека оваа печурка, во источните земји, се смета за специјалитет и дека и се припишуваат одредени лековити својства.
Валентина Соколовска
за Зелена берза