fbpx
ВестиТоп вести

Совети за правилна берба на малини

Поради сукцесивното зреење на малините, мора да се берат на време и многу внимателно. Почетокот на бербата зависи од повеќе фактори и тоа од самите биолошки карактеристики на сортата, климатските фактори, надморската височина, експозиција на теренот, типот на земјиштето и примената на агротехнички мерки.

Малините кои се подигнати на јужни терени созреваат порано, отколку на северни и западни. Времето на берба зависи од степенот на зрелост на плодот, начинот на употреба и должината на транспорт.

Степенот на зрелост на плодовите се утврдува на основа на бојата на епидермисот, начинот на одделување од цветната ложа, цврстината на плодот и вкусот. Кога плодот лесно се одделува од цветната ложа, а притоа не доаѓа до доаѓа до промена на обликот и гмечење, претставува знак дека плодот е спремен за берба.

Сите зрели плодови се собираат одеднаш, со цел да не дојде до презревање и нивно омекнување и паѓање. Собраните плодови, мора да бидат на ист степен на зрелост и цврстина и тогаш во полна зрелост имаат најдобар вкус и боја. Доколку плодовите се собираат пред полна зрелост, тогаш секисели и послабо обоени, а доколку се презреани, губат боја, се нагмечуваат и брзо пропаѓаат.

Времето за берба зависи и од употребата на плодовите, така што плодовите се наменети за потрошувачка во свежа состојба и за замрзнување ден – два пред полна зрелост, а плодовите кои се наменети за преработка се берат во полна зрелост.

Организацијата на бербата е многу сложена работа и бара голема ажурност и многу работна сила, затоа што плодовите на малината брзо созреваат и постои потреба за константна берба. На бербата на малините отпаѓа најголемиот процент на тршоци на производство, затоа што тоа главно се одвива рачно. Исто така, потребно е да се обезбеди чиста амбалажа и прибор за берење и добро да се организира транспортот на собраните плодови.

Добрата хигиенска пракса ја спречува појавата на загаденост на плодовите со бактерии и цревни вируси.

Правилата на однесување и мерките на заштита, потребно е да ги обезбедат самите сопственици на насадите и тоа со избор на локацијата за подигнување на насади, хигиена на рацете на берачите, хигиена на амбалажата, како и со хигиена на превозните средства за транспорт на малините. Со сите овие мерки се обезбедуваат квалитетни и здрави плодови.

Плодовите на малината кои се наменети за употреба во свежа состојба и за извоз се класифицираат во три категории: екстра квалитет, квалитет 1 и квалитет 2. Под екстра квалитет се подразбираат плодови кои по големина, боја и зрелост се изедначени, иста сорта, рачно собрани и без додатоци. Во едно паковање се дозволува 5% плодови кои не ги исполнуваат условите за оваа класа, но исполнуваат услови за пониска класа.

Под квалитет 1 се подразбираат плодови кои имаат приближно исти особини како и плодовите со екстра квалитет, само што во паковањето се дозволува до 10% маса на плодови кои не ги исполнуваат условите за оваа класа, но ги исполнуваат условите за втора класа.

Плодовите со квалитет 2 мора да бидат здрави, чисти и целосно зрели, дозволени се извесни недостатоци во поглед на обликот на плодот и во единица паковање може да бидат до 20% презреани плодови, до 10% маса на плодови со чаша.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close