Африканската свинска чума е вирусна, болест која не е опасна за човекот но е економски катастрофална и погубна за свињарството. Оваа болест за која нема вакцина туку единствена заштита од ширењето е со уништување на сите свињи во загрозените фарми во радиус од 3 километри од појавеното жариште иако секојдневно ни е се поблиску до нашите граници односно дојдена е до 25 километри до границата со Бугарија сепак сериозни превентивни мерки на терен изостануваат. Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство на 24 јули, што е речиси пред месец дена објави дека потпишал решение за масовен отстрел на диви свињи и нивно сведување на биолошки минимум. Но од тогаш до денеска мерката заглавена во бирократски процедури кои најмногу им одговараат на бизнис интересите на ловџиите успеано е да се застрела само една дива свиња.
Ваквите несериозни заштитни мерки во време кога болеста добива експлозија во соседна Бугарија каде досега се уништија околу 120 илјади свињи што е бројка колку ние што имаме вкупно по фармите, оставаат впечаток дека свињарството е оставено на милост и не милост и само прашање на време е кога ќе почне масовното одземање и колење на свињи по фармите заразени со африканска свинска чума. Свињарството е една од нашите нај просперитетни гранки која вработува преку 10 илјади луѓе со економска вредност од околу 200 милиони евра и постоја раст во производството. Но и покрај огромното економски значење за земјава и покрај тоа што е сектор кој успева да го потисне увозот на свежо месо и спречува одлив на девизи сепак од државните надлежни органи во министерството за земјоделство не го добива соодветниот третман во врска со превентивната заштита.
-Според мое мислење ова е исклучително сериозна ситуација. Дивата популација на свињи во соседна Бугарија ја има болеста и тоа е на само 25 километри од нашата граница. Она што е значајно е што болеста може да ја имаме и на наша територија но за тоа немаме сознанија бидејќи немаме соодветен мониторинг на дивите свињи. Се надевам дека барем во текот на следната недела ќе имаме примероци од отстрелани диви свињи од пограничните региони кои ќе се испитаат по сите протоколи во АХВ и ќе се каже дали ја има или не болеста кај дивата популација и на наша територија. Одговорните треба да сфатат дека ова е вонредна состојба која ги надминува мирнодобските постапки. Со отстрелот сосема се доцни и не треба повеќе да се чека туку треба според мое мислење веднаш да се вклучи војската во масовен отстрел на дивите свињи кои се и најсериозна закана за пренос на вирусот и да се обезбеди заштита на свињарските фарми без да се калкулира административно кој за што е одговорен.
Треба да се оформи штаб кој сто тоа ќе го контролира, да се обезбеди буџет за таа намена и АХВ да ги преземе сите потребни протоколи за заштита ако сакаме да се заштитиме како што тоа успешно го направи Хрватска која со ваков отстрел се заштити од ширење на болеста, тој модел успешно помогна и во Чешка, во Белгија. Апел и укажување и до малите и средни семејни свињарски фарми е да ја намалат целата популација свињи во вакви критични моменти особено оние кои не ги задоволуваат минимум био сигурносните мерки, рече професорот по свињарство на факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, Владо Вуковиќ.
Според нашите информации за денеска е закажана средба во владата на сите претставници во оваа област за да се договараат мерките кои треба да се преземат за заштита од африканската свинска чума.
З.Б.