fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Аграрната политика мора да се менува за младите да останат на село

Штипски Регион 

 

Аграрната политика мора да се менува за младите да останат на село

 

На младите земјоделци кои сакаат да работат и да не се иселуваат во странство државата да им даде земја да обработуваат, сметаа земјоделци од Штипскиот  Регион.

 

 

„Копаме,ораме ниви, садиме, косиме. Нижеме тутун, товариме вреќи со жито,  пасиме стока од утро до мрак.И она што го произведеме нема цена и приморани сме да го  дадеме по ниска цена. Тоа е нашиот најголем проблем“. Ваква е сликата за животот на повеќето млади земјоделци во Штипско.

Младите сметаат дека трудот на земјоделецот во денешно време не се вреднува доволно. Субвенциите не го  решаваат нивниот проблем, а несигурниот пласман   и на онака ниските цени на пазарот не им овозможува добар живот. На вакви размислувања е  и младиот Џевдет Бекири жител село  Радање, Општина Карбинци, кој  како млад земјоделец  беше  дел  од групата на тутунопроизводители кои  чекаа   пред  откупниот   пункт  во  Карбинци да го предадат тутунот. Неговото  семејство живее само од  тутунот кој со години го сади, а сега е  револтиран  од проценка на тутунот во пониски класи,а бил со подобар  квалитет  од лани. Поради ова  овој млад земјоделец  одлучил   годинава да  посади помалку тутун и  да бара работа  во некоја од фабриките за  да го прехрани своето семејството.

-Тутунот прва класа може да се плати и повеќе од 300 денари.  Секоја годинасе саделопо 20 декари, оваа година ќе  садам седум-осум  декари. Ќе мора да  барам  друга работа.Ѓубрето не можеме да го платиме  што го купивме-одлучен е  Бекири.

Во делот на Општина Карбинци има повеќе  од 300 хектари  насади со  вишни,  лозови насади, а индивидуалните земјоделци  обработуваат  помали  површини на кои сеат жито  или  земјоделски култури   кои не  бараат многу вода, бидејќи е суша, а овде нема од каде да се наводнува. Водата од браната „Калиманци“ не стигнува до нив. Надеж за земјоделците во  руралната општина Карбинци е ХС„Злетовица“ каде  допрва ќе се работи.Инаку  најголем дел во општината Карбинци која брои околу 5.000  жители, се  земјоделци кои живеат во  Потплачковичките села.  Повеќе од  260 семејства-претежно турско население-Јуруци, живеат од производство на  тутун. А  години наназад  површините  се  намалуваат. До  пред десет години тутунот  бил застапен на површина од  околу  300 хектари. Најмалку тутун  е посадено 2013 и тоа на  само  76  хектари. Последната  реколта  тутунот се посади на  само 106  хектари.

-Нема кој да работи, јас и бабата останавме  сами.  Ќе садам уште  оваа година, повеќе нема.Немам „тајфа“. Младите отидоа во странство, останавме само стари-вели Стево Николов, сточар од селото Таринци.

Аграрната политика мора да се менува за младите да останат на село.  Државата треба да помогне – смета  Воислав Ристов  земјоделец од Таринци,  според кој има млади земјоделци кои сакаат да работат и да не се иселуваат  во Германија или било каде, туку да останат на село, но за тоа треба да им се дадат ниви кои ќе ги обработуваат.

Трендот на иселувања ги празни и селата  во источниот дел од земјава.Од оваа година поддршката од државата младите да отпочнат да се занимаваат со земјоделие двојно се зголеми.

-Дваесет илјади евра  да отпочнат  свој бизнис е одлична мерка. За почеток  е доволно. Младите треба да размислат добро и  да направат  пресметка  дали е подобро да останат овде и да го прошират својот бизнис, да бидат профитабилни, конкурентни, а притоа да обезбедат и егзистенција. Овие средства ќе им бидат од голема помош да  ги следат и најновите трендови и да бидат носители  на  едно модерно  земјоделство, а од друга страна и  да почнат со примена на нови мерки за поефикасно  справување со негативните последици од климатските промени. Тие можат да  бидат  профитабилни, конкурентни  со своите производи на пазарот и нема  потреба својот труд да го продаваат во странство – вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

За мерката млад земјоделец од  Програмата за рурален развој се поделени мислењата – за некои е  добра, а за дел од  стручната јавност задоцнета. Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и  руралниот развој очекуваат мерката да има ефект. Од потпишаните 102 договори  од последниот повик за  „Подршка на  млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“  24 се  од  Источниот Регион.  Најмногу во Делчево-13, а само двајца млади фармери од Штипско-карбинскиотРегион ќе започнат земјоделски бизнис со  поддршка од државата.

 

Јулија Малинова

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close