fbpx
ВестиТоп вести

Пивара која ги преживеа сите светски војни, за првпат затворена по 400 години работа

Пиварата „Вернек“ од истоимениот град во Баварија, која е основана во 1617 година ги има преживеано светските војни, економските кризи, но не остана имуна на новата криза предизвикана од коронавирусот, пренесува Н1.

Пиварата „Вернек“ од истоимениот град во Баварија, која е основана во 1617 година ги има преживеано светските војни, економските кризи, но не остана имуна на новата криза предизвикана од коронавирусот, пренесува Н1.

Пиварата за првпат е затворена во своето постоење од 403 години.

Пиварата која е во сопственост на иста фамилија од 1891 година, сега отпушти 15 постојано вработени работници и повеќемина хонорарци. Малите пивари како „Вернек“, најчесто ги снабдуваат локалните кафеани и пивници, а откако се затворени сите угостителски објекти може да се предизвика и затворање на повеќето пивари.

Германската влада рече дека забраната за масовни собири ќе важи до 1 септември, а се проценува дека би било потребно најмалку една година за малите пивари да се вратат на нивото на произвдоство и продажба како што беше пред кризата.

Не им помага ниту можноста за достава на пива до дома, за да може потрошувачите да помогнат во нивно одржување. Кристин Ланг, член на фамилијата во чија сопственост е „Вернек“ вели дека одлуката за затворањето е донесена со многу солзи.

„На пазарот на пива веќе беше тешка борбата со жестоката конкуренција. Никој не знае колку долго ќе трае кризата со коронавирусот, кога и дали ќе дојде до подобрување и кога рестораните ќе бидат отворени“,

вели Ланг.

Според анализите на германското здружение на пиварите, речиси 87 отсто од нив го скратуваат работното време, користејќи ја владината програма која исплаќа до 60 отсто нето плати во текот на оваа криза. Но, другите програми како олеснувањето на добивање кредити и одложувањето за наплата на даноците не им се од голема корист, велат пиварите.

Холгер Ајхел, генерален секретар на германското здружение на пиварите, вели дека многумина од нив нема да преживеат оваа криза.

„Покрај пиварите кои се фокусирани на рестораните, има и многу кои се т.н. занаетски пивари и кои сè уште не се профитабилни, а имаат позајмено пари за отворање на овие бизниси“,

вели Ајхел.

Таквите пивари придонесоа во последните години за вкупниот број на производители на пива во Германија да порасне преку 1500. Генералниот директор на семејната пивара „Фелде“ во близина на Хајделберг, Макс Шпилман, проценува дека продажбата за април, мај и јуни ќе падне од 30 до 40 отсто.

Шпилман е деветта генерација од неговото семејство што се занимава со производство на пиво.

„Засега ни останува надеж дека во овие месеци ќе продаваме преку онлајн достава до дома. Се надевам дека луѓето ќе ги поддржат локалните пивари, како и производителите на храна и слично“,

вели Шпилман.

 


 

360stepeni.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close