fbpx
ВестиТоп вести

Проект за зајакнување на женското претприемништво и родовата еднаквост во Македонија

Зголемување на моќта на жените претприемачи, родово зајакнувања на локалната заедница и зголемување на мирот и безбедноста, се целите на проектот „Жени претприемачи и канадски експерти: Менторство развој и одржливост“, во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, поддржан од Амбасадата на Канада во РМ.

Канадската амбасадорка за Србија, Македонија и Црна Гора, Кати Чаба, истакна дека Канада има за цел да ја зголеми локалната поддршка за невладиниот и граѓанскиот сектор.

– Проектите што Канада ги поддржува со Фондот, во согласност со нашите иницијативи односно приоритети се давање моќ на жени и девојки, родовите зајакнувања на локалната заедница и секако зголемување на мирот и безбедноста. Веруваме дека овој проект ќе има навистина добри резултати во давање поголема моќ на организации предводени од жени, со тоа што ќе им дадеме експертски совети и вредни насоки за во иднина, рече Чаба.

Експертот и советник на Канадската организација за извршни услуги CESO-SACO, Канада, Џенифер Лавуа, додаде дека работат со здруженија и бизниси што се предводени од жени, им даваат приспособени совети на жените во области како што се деловна стратегија подготвена за извос, технички и управувачки вештини и маркетинг и комуникации.

– Ја подобруваме нивната конкурентност, ги подучуваме, им даваме менторство, насоки, слушаме. Го пренесуваме нашето знаење и искуство на начини на кои се вистински значајни за клиентите и за нивните бизнис. Со задоволство велиме дека CESO има тим од преку 1.300 активни доброволци советници, што минатата година заврши околу 594 задачи. Во моментов работиме во 17 земји ширум светот со локални заедници низ Канада. Нашето мото е „Посилни економии зналчат подобри животи“, појасни Лавуа.

Претседателката на институтот за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе „Creative Macedonia“ Изабела Соколовска рече дека жените претприемачи во Македонија се соочуваат со различни проблеми и предизвици како што се недостаток од вработени, набавка на материјали и оти нема доволно соодветни обуки за стекнување на потребните вештини.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close