Можеби треба, но се уште не сме го осигурале земјоделското производството – велат земјоделци во штипско, кои знаат дека ќе бидат обесштетени од осигурителните компании во случај на штети од невреме на посевите, доколку претходно го имаат осигурано родот на нива.
Причината за ова, и покрај субвенциите од државата, која покрива поголем дел од трошоците за осигурување, е неодговорност од наша страна – смета земјоделецот Владо Арсов од селото Трогерци.
Засега поголем интерес од фармерите за осигурување на поголеми површини со овошни и лозови насади пројавуваат земјоделски фирми, покажува праксата на компаниите кои нудат земјоделско осигурување.
До крајот на август земјоделците треба да аплицираат за субвенции за осигурување на посевите. До сега во штипската подрачна единица на Министерството за земјоделство, барања поднеле 28 правни и физички лица. Лани за осигурување аплицирале 120 земјоделци. На истокот само 10 – 15 % од земјоделците кои аплицираат за субвенции, ги осигуруваат посевите.