
Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје
Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути.
Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути. Од ветрот граѓани не можеа да се движат по улиците, а и беше опасно од прашината, дрвјата што паѓаа и разните предмети. На тоа уследи обилен дожд кој ги прекри улиците.
Невремето беше најавено, но сепак предизвика проблеми во повеќе населби. Според првичните информации, на одредени локации има и прекин на електричната енергија. Од различни делови на Скопје пристигнуваат пријави за паднати дрвја и канделабри, откачени кабли, блокирани сообраќајници, превртени мотоцикли и оштетени возила.
Во близина на Зоолошката градина бил забележан откачен кабел, додека пред трговскиот центар „Капитол“ дрво паднало на булеварот. Паднати дрво и канделабра се пријавени и пред Соборниот храм, а дрвја има на повеќе места на улиците „Теодосиј Гологанов“ и „Илинденска“.
Повеќе на https://nezavisen.mk/letaa-pokrivi-i-otkornati-delovi-nevreme-go-zafati-skopje/




