Артичок – деликатес и лек
Зелената роза на животот е наречена артичок и потекнува од семејството Asteraceae. Расте во јужниот дел на Европа, Медитеранот и на Канарските Острови.
Отсекогаш ценето растение и се одгледува во четириесет видови.
- Артичокот е едно од најстарите растение користени од Старите Грци и Римјани како афродизијак или средство за добивање на машки потомци.
- Најпознатиот обожавателка на артичокот Катарина Де Медичи, ги запознала французите со него, кои му го дадоа епитетот врвен деликатес и почнаа нашироко да го произведуваат.
- Во триесеттите години од минатиот век Њујоршките мафијаши имале апсолутен монопол врз пазарот со артичок, па затоа градоначалникот го забранил.
Состав и терапевтски својства на артичокот
Артичокот е добар извор на
- фолна киселина
- витамин Ц, К и Б.
- минералите: бакар, калциум, железо, калиум, магнезиум и фосфор.
- антиоксидансите : цинарин, силимарин, кофеинска и ферулична киселина, помала количина на бета каротен, лутеин и зеаксантин
Свежиот артичок е одлична храна за време на зачнувањето и планирање на бременоста поради изобилството на фолна киселина, која го спречува нарушувањето на невралната туба кај фетусот.
Артичокот може да помогне во лекувањето на:
- црниот дроб и бубрезите
- дијабетес
- дебелината
- болести на срцето и крвните садови
- варење
- камен на жолчката
- жолтица
- гихт
- уртикарија
- ревматизам
- астма
- егзема
- алергии
Артичокот е чувар на вашето срце
Артичокот ефикасно го намалува лошиот холестерол и го зголемува добриот холестерол. За разлика од лековите, од групата на статини , артичокот не ја намалува синтезата на холестеролот, туку го зголемува неговото разградување.
Цинатин и сесквитерпен – лактон од артичокот се одговорни за неговите корисни ефекти врз срцето и крвните садови. Тие ги спречуваат заболувањата на крвните садови, ангина пекторис, миокарден инфаркт и мозочен удар.
Природен лек за камења во жолчката
Екстрактот од листовите на артичокот ја стимулира жолчката, која е клучна за разложување на мастите и холестеролот, кои инаку доведуваат до создавање на жолчни камења. Цинатинот од артичокот е толку ефективен така што во некои европски земји се користи како дел од третманот за жолчни камења.
Екстрактот од артичок има исклучително корисен ефект врз здравјето на црниот дроб и помага на следниве начини:
- го намалува нивото на масти
- штити од оштетување и токсини
- помага кај цироза на црниот дроб
- спречува појава на рак на црниот дроб
- ги спречува болестите на црниот дроб предизвикани од прекумерно внесување алкохол
АРТИЧОК ВО КУЈНАТА
Артичокот е многу популарен низ Европа. Најчесто се подготвува како пржен, на скара, сам или со зеленчук, грав или тестенини. Сиров не се јаде, бидејќи е тешко сварлив. Главниот дел што се јаде е срцето на артичокот, додека младите плодови може да се јадат цели, а кај зрелите се отстрануваат тврдите лисја и врвот на стеблото.
Тинктура од артичок
- 400 до 500 грама листови од артичок се оставаат да стојат една до две недели во еден литар алкохол.
- Исцедете го и пијте една до две лажици дневно.
Чај од артичок
Неколку листови од артичок прелијте ги со половина литар врела вода, оставете ги 15 минути, потоа исцедете и испијте го. Делува слично како и сувиот екстракт од лисјата на артичокот.
Артичока со млад грав
Состојки
- половина килограм млад грав
- десет артичоки
- половина главица лук
- маслиново масло
- магдонос
- трошки
Подготовка
- Потопете го артичокот час и половина во вода за да ја загуби својата горчина. Направете компактна смеса од грав, лук, магдонос, маслиново масло и лебни трошки. Додајте сол и бибер по вкус.
- Наполнете ги артичоките со оваа мешавина, ставете ги во тава свртени нагоре, истурете маслиново масло, истурете вода до работ на артичоките, додадете сол, бибер и магдонос.
- Покријте ги и ставете ги да зовријат и да крчкаат на тивок оган околу час и половина.