fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

До петок протестите на тутунарите во мирување, се чека заедничка средба со откупувачите и МЗШВ

„Да видиме кое решение ќе се изнајде, но важно е дека сакам да ги известам сите дека од утре до петок нема да бидат на вагите и нема да е откупа тутун“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци.


До петок протестите на тутунарите се ставаат во мирување кога треба да се одржи заедничка средба со откупувачите, со посредство на Министерството за земјоделство. Министерот Аријанит Хоџа кој денеска во Општина Прилеп оствари средба со Иницијатиивниот одбор на незадоволните тутунопроизводители и со Сојузот на земјделски здруженија изјави дека е улогата на државата е да биде медиијатор помеѓу двете страни. Не сакаше да го коментира прашањето, доколку не се постигне бараната заштитна просечна цена цена од 200 денари за килограм, дали државата ќе ги надополни потребните средства до таа сума.

 

Наша улога како Министерство е да не комуницираме на достамца. Да комуницираме псоебно со откупувачите, посебо со производителиите. Ние мора да најдеме решение да го седмене заедно, тука е улогата на Министерството и тоа јас како министер го правам. Се согласуваат и двете страни да седнеме заедно и сите аргументи да ги ставиме на маса и врз основа на тоа да изнајдеме соодветно решение. Се уште сме на почеток на разговорите и се друго што би коментирале не е во интерес на изнаоѓање на решение“, истакна министерот за земјделство Аријанит Хоџа.

Од Сојузот на земјоделски здруженија ги повикаа поверениците во цела Македонија, од утре до петок да се повлечат од вагите и да се стопита откупот.

„Да видиме кое решение ќе се изнајде, но важно е дека сакам да ги известам сите дека од утре до петок нема да бидат на вагите и нема да е откупа тутун“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци.

Од Иницијативниот одбор на тутунарите кои ги организираа протестите потврдија дека протестите се прекинуваат до петок.

„Ние не бараме откупувачите да осииромапат во овој процес, па да бидат на некој начин ограбени, ама бараме и тие да не сфатат дека па не треба и ние да осиромашиме. Штом ќе се повлечат поверениците и ќе запри откупот, нашиите протести ќе завршат. Во петок одиме на преговори и таму одиме со правен тим, кои ја разбиираат проблематиката, точно каде се случуваат ттиие спреги ии на каков начин нии се зема тутунот во пониска класа. Да ги отвориме фактите и да докажеме дека тоа навистина се случува, а не само да протестираме, туку да ги отвориме картите“, истакна Игор Мирчески, Иницијативе одбор на тутунопроизводители.

Од Иницијативниот одбор на тутунарите побараа извинување од директорот на Тутунскиот Комбинат Прилеп кој вчера рече дека тие лажат дека тутунот се откупува по цена од 100 денари.

Инаку досега од 23 милиони килограми колку што треба да бидат откупени според договорите, откупени се само 1,5% или околу 300.000 килограми.

Дарко Штаргоски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close