fbpx
ВестиМакедонија

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски да каже дали брат му и неговата фирма се вмешани во шверцот на 5 камиони на тутун

Царинската управа призна дека е извршен нелегален увоз на 5 камиони на тутун во Македонија. Увозот го направила фирмата Студенац Шред која немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение..

Царинската управа призна дека е извршен нелегален увоз на 5 камиони на тутун во Македонија. Увозот го направила фирмата Студенац Шред која немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Како тогаш 5 камиони тутун влегле во Македонија?

Ова не може да биде само пропуст на дежурните цариници. За 5 камиони со нелегален тутун да поминат граница потреба е огромна логистика, а таа логистика може да ја обезбеди само врвот на власта. Газдата на Студенац Шпед е близок пријател на братот на Љупчо Николовски. Дали Љупчо Николовски влијаел да се увозе нелегалниот тутун во Македонија? И дали братот на Љупчо Николовски е вмешан во нелегалниот увоз на тутун?

Зошто и после една година откако е увезен тутунот, а истиот е увезен нелегално нема постапка од страна на ЈО?  Луѓе одат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцаат пет камиони тутун и се шетаат на слобода, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.https://libertas.mk/vmro-dpmne-upcho-nikolovski-da-kazhe-dali-brat-mu-i-negovata-firma-se-vmeshani-vo-shvercot-na-5-kamioni-na-tutun/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close