fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Реакции за воведување прогресивен данок и зголемување на даноците

Најавите на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за можното воведување на прогресивен данок за богатите и евентуалното враќање на кризен данок наиде на низа негодувања од страна на јавноста и експертската фела.

Според бизнисменот Горан Рафајловски овие идеи се несфталиви и вели дека истите можат да донесат поголема штета на и онака кревката економијата.

-Прогресивниот данок беше можеби еден од најнеуспешните економски проекти на оваа Влада и како да сакаат да ја повторат грешката; Не можам да разберам како е можно да се оди до тој степен во негативно однесување наспроти целата економија и целата пандемија воедно што се случува и на економски план во Република Македонија; Целиот пакет на мерки и разговори што го предложија го сметам за исклучително погрешен, вели Горан Рафајловски .

Претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија Миле Бошков вели дека пред секоја најава за враќање на прогресивен данок или зголемување на даноците мора да се има одговорно и транспарентно трошење на парите и потенцира дека можното враќање на вакво оданочување не може да наиде на одобрение од страна на граѓаните.

-Одговорното трошење на даночните пари и реализацијата на капиталните инвестиции и фискалната и даночната децентрализација треба да се најави пред да се најават даночните зголемувања и даночниот товар; Најавата за даночни зголемувања и даночни реформи треба да биде со многу поголем увод на даночна одговорност и реализација на парите на даночните обврзници, вели Миле Бошков

Дебатата околу ова прашање се отвори откако академици од МАНУ предложија зголемување на даноците на доход и имот и кратење на непродуктивните трошоци на Владата со цел да се избегне финансиска нестабилност и да запре растот на јавниот долг. По предлогот на академикот Таки Фити, вицепремиерот за економски прашања Битиќи вчера потврди дека се прават анализи и разговори за евентуални реформи во даночната политика. За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски ваквите најави се признание за како што вели лошата економска ситуација во која се наоѓа Македонија и дека земјата се наоѓа на раб на огромна инфлација.https://kanal5.com.mk/reakcii-po-najavata-za-voveduvanje-progresiven-danok-i-zgolemuvanje-na-danocite/a475895

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close