Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Системот за поднесување на Барање за директни плаќања за живина ставен во фунција
На сите кои ви треба помош при аплицирање обратете се во подрачната канцеларија на МЗШВ во Битола или во дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила.
Ве известуваме дека системот за поднесување на Барање за директни плаќања за заклани бројлери, амортизирани несилки и произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди (мерки 2.14, 2.15 и 2.16) од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година, II фаза, е ставен во функција. Со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесува електронското барање и за подмерките 2.14, 2.15 и 2.16 – II фаза 2021 година. Рокот за поднесување на барањата е 15 јуни 2021 година.
На сите кои ви треба помош при аплицирање обратете се во подрачната канцеларија на МЗШВ во Битола или во дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила.