fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Без промоција и основна инфраструктура на Шар Планина нема да заживее летниот како и руралниот туризам

Пензионерот Демир Сефери од тетовска Шипковица е еден од ретките кои решил да се занимава со летен туризам на Шар Планина.

Пензионерот Демир Сефери од тетовска Шипковица е еден од ретките кои решил да се занимава со летен туризам на Шар Планина. Тој пред 18 години дошол од Хрватска каде таму во еден од националните паркови практично егзистирал од овој вид туризам, кој и во тоа време бил доста развен. Продавал италијанско сирење, производ за кој не морал да се симнува на локалниот пазар, туку самите туристи доаѓале во планината да го купуваат.
 
Луѓето и институциите во странство ја ценат природата и многу заработуваат од неа вели Сефери, кој се обидува искуството од Хрватска да го пренесе во Македонија конкретно на Шар Планина каде во месноста викана Забели отворил ресторан, каде на туристите им нуди локална храна.
 
-Мислев овој рурален или летен туризам како сакате наречето го ќе заживее тука, но искрено не сум задоволен многу. Некако државата слабо помага. Ниту го промовира, ниту пак се грижи за основната инфраструктура. Ние тука нудиме локална храна , а имаме 50 овци и 20 крави. 18 години продаваме локална храна, но како ресторан работиме 5 години.Ние овде имаме пречекано многу амбасадори доаѓале групи, луѓето кога ќе дојдат тука не им се верува што гледаат , а не е развиен туризмот и не е оваа планина заштитена. На пример во патот инвестиравме сами, огромна штета е што не се промовира природата која ја имаме, вели Сефери

Дел од туристичките работници пак освен во државата вината за ваквата состојба ја гледаат и во самото локално население, кое може да жиее од летниот односно руралниот туризам, но кон сето тоа гледа со скепса.

-Ние откупуваме некои локални производи од локалното население потоа ги преработуваме и нормално ги продаваме. Имаме мала подршка од државата, но имаме голема желба за работа и понатаму ќе бидеме посветени за развој на туризмот. Нашата улоога е едукативна да го едуцираме населението дека со користењето на тие локални билки и производи можат да останат и да егзистираат од планината. Има потенцијал но мора да има едукација на локалното население да му се објасни кои се придобивките што живееме на планината и не треба да се срамат ако произведуваат локална храна и слично и се разбира инфраструктурата треба да се подобри, на тоа сите се надеваме, истакна Хашим Хасани сопственик на хотел на Попова Шапка.  

Дел од туристичките работници се надеваат на подобрување на состојбата, по прогласувањето на Шара за национален парк.

-Ние сме сточарско претпријате со 500 овци и 40 коњи, со кои организираме тури за туристите. Почнавме пред 3 години со турите. Видовме дека имаше многу интерес од туристите за јавање на коњи.Во претпријатието имаме производство од 25 тони бело сирење кое се продава по рестораните, но нудиме и локална храна качамак сирење како и леб во фурна. Оваа иницијатива за прогласување на Шара за национален парк би придонело да се промовираат нашите производи како локална здрава храна, рече Насер Џемаили сопственик на сточарската фарма.

Инаку постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк е во завршна фаза. Според најавите на Министерството за животна средина законот наскоро ќе се изгласа во собранието, потоа следува формирање установа која ќе управува со паркот како и ренџерска служба.

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close