fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Изворот на нашите проблеми е Владата, таму лежи и решението, велат тутунарите за најавениот протест во Скопје

Ако од Владата лани велеа дека тие се заслужни за добрата цена, тогаш, логично, оваа година тие се виновни за лошата цена.

Само премиерот Заев може да го реши нашиот проблем со катастрофално лошиот откуп на тутунот, велат тутунарите членови на Иницијативниот одбор на ФБ групата „Македонски тутунари“. Тие се жалат дека откупот продолжува со крајно ниски проценки од 4 и 3 класа на предадениот тутун.

-Изворот на нашите проблеми е Владата, таму лежи и решението. Всушност кој друг може да ги реши нашите проблеми, ако не премиерот Зоран Заев. Владата има многу инструменти за притисок врз откупувачите. Ако од Владата лани велеа дека тие се заслужни за добрата цена, тогаш, логично, оваа година тие се виновни за лошата цена. Најпрво  мора да најдат начин откупувачите да го платат тутунот според вредноста, потоа, Владата треба да исплати повисоки субвенции за секој килограм, вели Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор.

Игор Мирчески вели дека понеделник премиерот Заев може да ја искористи присутноста на тутунарите и да седне уште еднаш со производителите на маса , пошто крајно да се реши проблемот и да се надминат состојбите со откупот на тутунот.

-Кој може да ги реши нашите проблеми ако не премиерот Заев? Знае премиерот што да направи само дали има волја. Затоа одиме пред Влада за поуспешна нова година, вели Игор Мирчески од ИО.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close