Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Игор Мирчески бара од Џафери-дајте ни го фамозниот 5 пакет на тутунарите
Апелираме јавно и до Владата веднаш да прогласи елементарна непогода и да изнајде начин за обесштетување на сите земјоделци вклучително и за тутунарите со кои мерки ќе се придонесе полесно да ја пребродиме и оваа тешка година со пандемија и со неповолни климатски услови за земјоделието и земјоделците.
Игор Мирчески, предводник на протестите на тутунарите и координатор на новоформираните тутунски здруженија испрати јавно обраќање до претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ви го пренесуваме во целост.
Господине Џафери,
Ако вие и пратениците доволно оцрневте и одморивте на море, нас тутунарите не изгоре сонцето по нивите. И затоа ако ги поминавте сите закони за Законот од петтиот пакет мерки за тутунарите, бараме на првата седница која ќе ја свикате во Собрание да го ставите на гласање истиот, бидејќи тие средства нас на тутунарите ни се веднаш потребни. Секое друго одложување на овој „фамозен“ 5ти пакет од ваша страна ние тутунарите ќе го сфатиме единствено како средство за вршење притисок и начин на поткуп за изборите кои следат. Бидејќи, господине Џафери, немаат сите среќа да имаат и преимаат, некој немаат па и она малку што им е ветено им е повеќе од потребно. А имајќи го и фактот дека и во оваа реколта трпиме огромни штети од неповолните временски услови настанати од сушата и од врнежите од град каде во некои реони е и преку 80 % им е уништен родот на тутунопроизводителите и земјоделците.
Апелираме јавно и до Владата веднаш да прогласи елементарна непогода и да изнајде начин за обесштетување на сите земјоделци вклучително и за тутунарите со кои мерки ќе се придонесе полесно да ја пребродиме и оваа тешка година со пандемија и со неповолни климатски услови за земјоделието и земјоделците. Исто бараме и вклучување на тутунарите и сточарите во мерката „зелена нафта“, бидејќи колку за потсетување и ние ги обработуваме нивите со трактори, доколку некој не знае. И за на крај дајте свестете се еднаш дека вие постоите за нас, а не ние за вас и од вашите ветувања и политиканство сте ни дојдени преку глава.
Со почит Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.