fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Растот на инфлацијата ќе биде тежок за менаџирање

Цените се зголемени, особено на оние производи кои се дел од потрошувачката кошничка на граѓаните, што негативно се одразува врз нивните семејни буџети.

Зголемувањето на цените се чувствува во семејните буџети. Поскапен е зеленчукот на пазарите, млечните производи во маркетите, велат граѓаните. Нагорен тренд на инфлација има во земјите на Европа, а тоа во наредниот период несомнено ќе биде случај и во Македонија, предупредуваат аналитичари

Економијата и натаму е под влијание од ефектите на ковид кризата. Цените се зголемени, особено на оние производи кои се дел од потрошувачката кошничка на граѓаните, што негативно се одразува врз нивните семејни буџети.

Инфлацијата ќе продолжи да се зголемува и во следниот период, бидејќи во моментов таков е трендот во Европа и во светот, а не само во Македонија, вели економскиот аналитичар Арбен Халили.

„Последиците ќе се чувствуваат и кај нас и во другите земји, но за жал ние сме помалку подготвени да се соочиме со тоа. Затоа мора психички и како држава да бидеме спремни да се соочиме со таа инфлација. Државата треба да преземе мерки за граѓаните помаку да ги почувствуваат тие последиците, но и севкупната економија “, вели Халили.

Во првото полугодие од 2021 година стапката на инфлација изнесува 2,4 проценти придвижена од порастот на цените на храната, тутунот, електричната енергија и нафтените деривати, чие зголемување е во согласност со нагорниот тренд на цената на суровата нафта на меѓународниот пазар, според полугодишниот извештај за извршување на Буџетот на Министерството за финансии.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close