Ваков увоз на храна се уште не се памети: Зошто Кина купува жито?
Поточно, во првата половина на 2022 година, Кина ќе има 69 отсто од светските резерви на пченка, 60 отсто од ориз и 51 отсто од пченица
Кина успеа да акумулира повеќе од половина од светските резерви на пченка и други житни култури, а се очекува дополнително да ги зголеми резервите на храна, покажуваат статистиките.
Во првите девет месеци од оваа година Кина увезла најмногу храна од 2016 година.
Шефот на кинеските резерви на жито во Националната администрација за стратешки резерви на храна, Чин Јуџун, неодамна изјави дека Кина ги одржува резервите на храна на „историски високо ниво“. Имено, во последните 5 години нивниот увоз на соја, пченка и пченица е зголемен речиси 12 пати.
Поточно, во првата половина на 2022 година, Кина ќе има 69 отсто од светските резерви на пченка, 60 отсто од ориз и 51 отсто од пченица, според американското Министерство за земјоделство, а пренесува RT.
Експертите наведуваат дека Кина увезува се повеќе житарки и друга храна, бидејќи домашното производство не може да биде во чекор со потрошувачката. „Нашите залихи на пченица можат да ги задоволат потребите за година и пол. „Нема да имаме никакви проблеми со снабдувањето со храна“, изјави шефот на кинеските резерви на жито.https://www.agrosaveti.rs/aktuelnosti/vesti/ovakav-uvoz-hrane-jos-nije-zapamcen-zasto-kina-gomila-zitarice/?fbclid=IwAR2IPGD29kM8nBsvC7mVozogNV5jiRaO7w_W1BT8FoTVVp1XtIEXR5reug0