fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ЕУ ќе ги окрупнува расцепканите земјоделски земјишта во Македонија

Нов проект за консолидација на земјиштето финансиран од ЕУ

Европската унија (ЕУ) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ќе ја поддржат консолидацијата на земјоделското земјиште, планираното преуредување на фрагментираните парцели и на нивното сопствеништво во  Македонија. Заедничката помош, главно предводена од ЕУ, се протега во две проектни фази:

 -Воведување на Националната програма за консолидација на земјиште (MAINLAND) во вредност од 2,86 милиони евра за проценка на изводливоста на консолидација на земјиштето во 14 рурални средини во периодот март 2017 – ноември 2022 година. Од нив 9 дополнително ги надградија плановите за прераспределба на земјиштето или за подобрување на земјоделската инфраструктура: Конче (Општина Конче), Егри, Логоварди, Оптичари, Трн (Општина Битола), Дабјани (Општина Долнени), Кожле (Општина Петровец), Соколарци и Спанчево (Општина Чешиново-Облешево);

 -Зајакнување на консолидацијата на земјиштето  во вредност од 1,2 милиони евра (од кои 0,2 милиони евра придонес на ФАО) за целосна консолидација на земјиштето на Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево) во текот на периодот август 2022 – јануари 2026 година.

Структурата на земјоделско земјиште од 4.700 хектари ќе се подобри со намалување на фрагментацијата на земјиштето и овозможување зголемување на фармите. Придобивките се повеќекратни за околу 6.300 сопственици на земјиште и земјоделци и вклучуваат подобрена рурална инфраструктура, зајакната економска стабилност поради зголемените приходи на земјоделските стопанства и подобра конкурентност на земјоделскиот сектор. Ова ги прави одржливи и земјоделството и животната средина.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close