fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Српските извозници на житарици против забраната за извоз

Здружението на мелничко-пекарската и индустријата за тестенини на Србија „Житоунија“ испрати барање до Министерството за земјоделство и до Стопанската комора на Србија, со кое бара брашното да се изземе од забраната за извоз.

Извозниците на пченица и брашно од Србија и експертите различно ја оценуваат најавата за забрана за извоз на пченица, брашно, пченка и масло поради војната во Украина и потребата да се обезбеди доволна количина од овие производи за домашниот пазар.

Здружението на мелничко-пекарската и индустријата за тестенини на Србија „Житоунија“ испрати барање до Министерството за земјоделство и до Стопанската комора на Србија, со кое бара брашното да се изземе од забраната за извоз.

„Не треба да се забранува извоз на брашно, го имаме, не знаеме што да правиме со него. Бараме таква одлука да не се носи, а доколку се донесе веднаш да се укине“, изјави претседателот на тоа здружение, Здравко Шајатовиќ, пренесуваат српските медиуми.

Тој додаде дека треба да се проверат залихите на пченица, а доколку се оцени дека се недоволни да се забрани извозот, но размислете за воведување квоти бидејќи жетвата ќе почне за четири месеци.

Брашното на странскиот пазар може да се продава за 49-50 динари за килограм, рече Шајатовиќ и дека плаќањето е авансно и дека веќе се договорени поголеми количини. Тој додаде дека без проблем може да се извезат 100.000 тони брашно, без да се загрози домашната понуда.

Советникот на компанијата CHF, која е најголем извозник на жита од Србија, Мирослав Дебељачки, изјави дека на залиха има доволно пченица и дека не треба да се воведува забрана за извоз на тој земјоделски производ.

Тој додаде дека иако ваквата одлука е неопходна, на компаниите треба да им се дозволи да ги реализираат договорите што веќе ги имаат склучено.

Зоран Богетиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, вели дека политичката и економската ситуација е конфузна и дека се потребни одредени мерки на претпазливост.

„Прашањето е што ќе се случи во Украина и Русија, кои се меѓу најголемите житници во светот. За да се донесе одлука за забрана на извозот на пченица и пченка, треба да се има предвид целата политика во земјоделството, кризата во понудата и цените на минералните ѓубрива и вкупните залихи на Србија“, рече Богетиќ.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close