fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Над 40 милиони евра поддршка за стопанството со бескаматни и поволни кредитни линии

Станува збор за три кредитни линии дизајнирани за поддршка на приватниот сектор, соопшти Министерството за финансии.

Бескаматни и поволни кредитни линии се ставаат на располагање на компаниите за поддршка во време на енергетска криза, како дел од последниот пакет мерки што го усвои Владата. Кредитните линии се воспоставуваат преку Развојната банка на Северна Македонија, за што Владата завчера на седница усвои информација и го задолжи министерот за финансии да ги потпише договорите со РБСМ за нивно администрирање.

Станува збор за три кредитни линии дизајнирани за поддршка на приватниот сектор, соопшти Министерството за финансии.

Првата – Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании директно погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ во износ од 5 милиони евра, Втората – Бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички во вредност од 10 милиони евра и Третата Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра. Интенцијата и начинот на кој се креирани кредитните линии, е покрај овие 25 милиони евра буџетски средства да генерираат дополнителни двојно повеќе средства и тоа над 40 милиони евра и со тоа да се даде позитивен импакт во економијата.

Кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ, е наменета за микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои се од секторот производство на храна согласно шифрата на дејност. Важно да се напомене дека крајните корисници ќе ги добијат средствата без камата, односно камата е 0 %, со шест месеци грејс период за отплата, притоа во зависност од времетрањето на отплатата предвидена e и грант компонента од 10% или 20%, наведуваат од МФ.https://nezavisen.mk/nad-40-milioni-evra-poddrshka-za-stopanstvoto-so-beskamatni-i-povolni-kreditni-linii-preku-rbsm/

Слични написи

Back to top button
Close