fbpx
Вести

Освоиле 4000 евра на квиз и ги вложиле паметно

hrana

Александар и Оливера Голиќ од Зрењанин освоил 4000 евра на наградни игри и парите ги вложиле во агробизнис.

Тие со 1500 евра купиле нива и почнале да се занимаваат со земјоделско производство.

Производите прво ги користел за антистрес терапија.

Нивното хоби било бонсаи и цвеќето, а почнале да се занимаваат и со органско производство.

„Работата е многу напорна и трае 10 месеци во годината“ – вели Александар.

Сега тие имаат вистинска „шума“ од храна и тоа овошје, зеленчук, лековити и зачински билки. Одгледуваат 30 култури, а од 15 иако ги одгледувале во изминативе 10 години се откажале.

„Од нашите производи правиме сокови, џемови, слатко, ракија, зимници. Наскоро очекуваме наше сушено овошје и сушени билки. Со оглед на тоа дека храната ја трошиме за свои потреби, немаме голем вишок за на пазар, но нашите стебла растат и родот се зголемува“ – вели ова семејство.

Голиќ наскоро очекуваат и економска добивка од својата работа. Сепак, велат дека во последните 30 години воопшто во Србија не се води грижа за земјоделците и политичарите треба да работат на подобрување на нивниот статус.


 

фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close