Ноќта која што е пред нас ќе биде најдолгата оваа година. Во 5:24 наутро, на 22ри декември нашата планета ќе се наоѓа во точката на зимскиот солстициум и по положба ќе биде најблиску до сонцето, но северниот пол ќе биде најодалечен во однос на сончевата вертикална оска.
Од оваа точка, официјално започнува астрономската зима, но и денот ќе почне од утре полека да се зголемува.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Македонија утре ќе изгрее во 06 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 09 часа и 07 минути.
Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат претежно сончево и потопло време со температура до 17 степени.
Зимата ќе трае 88 дена и ќе заврши на 20 март 2016 во 05 часот и 31 минута кога ќе настапи пролетта.