АД ЕСМ: судските инстанци да одлучуваат исклучиво по закон независно од политичките притисоци
АД ЕСМ изразува загриженост по неколкуте јавни настапи и дописи до јавноста на чинители од одредени политички партии, со кои цениме дека се врши притисок врз судството во врска со судскиот случај кој се води меѓу РЕК Битола и фирмата Рубитон.

Како компанија во државна сопственост ги повикуваме политичките фактори да се повлечат од употребувањето на судски процеси кои се во тек за освојување политички поени, бидејќи со тоа овозможуваат простор за сомнеж во идните одлуки кои се очекуваат.
Компанијата АД ЕСМ преку својата подружница РЕК Битола ги почитува сите процедури на судската постапка и ги приложи и ги приложува сите потребни документи и правни аргументи со цел прикажување на комплетната слика за предметниот процес.
Апелираме до судските и другите надлежни органи да одлучуваат исклучиво согласно законите и позитивните законски прописи и да не подлегнуваат под наведените неодговорни политички дејствија од одредени политички партии.