fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Студен и влажен бран над Македонија

Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Денес врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и засилен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд. Дневната температура значително ќе се намали.

Прогноза за 09.10.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 10.10.2021
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 11.10.2021
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно и студено со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close