fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците да ги избегнуваат далекуводите за време на жетва

Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците.

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и за жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатната земјоделска опрема во близина на далеководи од преносната мрежа.

-Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците. Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси. Не ги кревајте во височина( вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот, предупредуваат од АД МЕПСО.

Оттаму потенцираат и да не се палат стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.

Од АД МЕПСО со апел до спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

-Не загрозувајте го сопствениот живот и животите на тие што се наоѓаат во ваша близина. Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем, потенцираат од АД МЕПСО.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close