Агенција за вработување: Негувателите ќе добијат бруто-плата од 30.780 денари
150 невработени ќе имаат работа во наредните 10 месеци како негуватели на хронично болни и на лица со попреченост, а месечниот надомест е 30.780 денари
Откако ќе ја завршат обуката организирана од страна на Агенцијата за вработување, 150 невработени ќе имаат работа во наредните 10 месеци како негуватели на хронично болни и на лица со попреченост, а месечниот надомест е 30.780 денари, но во бруто износ, појаснуваат од Агенцијата за вработување. Ова, пак, значи дека нивната нето плата ќе биде 20.789 денари.
– Наведениот износ од 30.780 денари е бруто плата која треба да се исплати од страна на работодавачот. Со реализирањето на вработувањето согласно законот за исплата на плати и придонеси, работодавачот при исплата на платата преку системот на УЈП е обврзан да ги плати и придонесите за здравствено и пензиско осигурување за вработеното лице – велат од Агенцијата за вработување.
Оттаму процениле дека 150 лица може да се ангажираат и притоа тие имаат 3 можности: да најдат работа во некоја институција која нуди таква грижа; да формираат своја фирма и да бидат даватели на услуги; а може да бидат вработени и кај некоја од новоформираните фирми која била поддржана преку Оперативниот план за мерки за вработувања за 2021 година.https://www.slobodenpecat.mk/agenczija-za-vrabotuvane-neguvatelite-ke-dobijat-bruto-plata-od-30-780-denari/