Вести
Агро Метео
Под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса од утре од ноќните часови се до сабота во Македонија ќе има обилни врнежи од дожд. Се очекува да се стопи и веќе формираната снежна покривка.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2.000 метри надморска височина. Во сабота врнежите ќе бидат проследени и со грмежи.
На повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100 л/м2 дожд.
Според УХРМ, во четврток и во сабота на места ќе дува засилен јужен ветер.