Агро – Метео за наредните 5 месеци
УХМР за денеска во Македонија најави претпладне сончево време, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 10 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до седум степени.
Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, еве каква зима не очекува до април:
Декември – се очекува првиот снег низ градовите да падне токму во декември. Утрата во овој месец ќе бидат карактеристични со голем мраз. Средната температура ќе биде околу 5-6 степени.
Јануари – според прогнозата се очекува благ и сув месец. Сепак средната јануарска количина на наврнат снег ќе биде во границите на просекот. Средната максимална температура ќе биде над просекот.
Февруари – во февруари прогнозирана е средна февруарска температура и количина на наврнат снег во границите на просекот. Температурите ќе бидат на исто ниво или за еден степен повисоки од минатата година.
Март – во март ќе биде благо и суво, а средната максимална температура ќе биде над просечната, со вредности во просек повисоки за околу 0,6 степени во однос на просекот. Но, врнежите од снег не се изоставени овој месец, но количината ќе биде пониска за околу 5 милиметри од просечната.
Април – средната максимална температура на воздухот во април ќе биде над повеќегодишниот просек, со вредности за околу 0,6 степени повисоки од просечните. Во Скопје и пошироката околина максималната температура на воздухот во април ќе биде околу 19 степени Целзиусови.