Агро претприемништво – нов модел и поттик за младите земјоделци да почнат сопствен „зелен“ бизнис
Млади земјоделци ќе имаат можност во септември да заминат на десетдневна обука во Бугарија, а ќе се креира и интернет платформа за е-учење.
Креирање нови техники, стратегии и методи кои ќе ги мотивираат младите земјоделци да почнат сопствен еко или „зелен“ бизнис, е една од целите на проектот Европски млад земјоделец што беше презентиран денеска на конференцијата „Green for growth“.
Со проектот, како што беше речено, се афирмира и промовира агро претпреимништвото како поинаков, креативен начин за самовработување во земјоделскиот сектор.
Млади земјоделци ќе имаат можност во септември да заминат на десетдневна обука во Бугарија, а ќе се креира и интернет платформа за е-учење.
-Ќе креираме стратегии и методи кои ќе ги поттикнат младите земјоделци да почнат еколошки иницијативи, да го изразат своето мислење, да бидат активни граѓани во општеството и да носат правилни одлуки за здрава животна средина и подобар животен стил. Преку интерактивни и ефикасни обуки ќе обезбедиме информации и насоки за претворање на знаењето во „зелени“ агро бизниси. Целта е отворање нови вработувања за младите и подобрување на животниот стандард, истакна координаторот на проектот Зоран Лазаревски.
Тој објасни дека на интернет платформата, како алатка за комуникација меѓу учесниците, ќе бидат „закачени“ сите модули на курсеви, но и примери за успешни „зелени“ бизниси.