вести

Одложена е жетвата на оризот поради дождот

(Oвој напис е објавен на: март 2, 2017)

 

odlozhena e zhetvata na orizot poradi dozhdot

Обилните врнежи дожд ја прекинаа жетвата на оризит во Кочанско.

Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, жетвените активности одлично напредуваа, но се ставени во мирување поради зголемените количини вода во нивите.

Од насеаните 4.310 хектари, досега се ожнеани 2.745 или 64%. Од нив, 385 хектари кај земјоделските претпријатија и 2.360 кај индивидуалните производители.  Просечните приноси по единица површина се од 4.680 килограми ( кај индивидуалните производители) до 4.750 килограми ( кај змјоделските претпријатија).

Од досегашните жетвени активности досега се добиени 18.068 тони оризова арпа од кои 1.828 тони кај земјоделските претпријатија и 16.239 кај производителите, информира Подрачната единица.

Во општина Кочани се регистрирани 16 субјекти за откуп на ориз. Од нив во откупот се вклучени 12 кои склучиле договор со 2.456 производители. Моментално, просечната цена на арпата е 18 денари за килограм.

Оризопроизводителите имаат уште 3.000 тони непродадена оризова арпа во залиха.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close