fbpx
Вести

Агроберзата ќе ја подобри трговијата и ќе овозможи фер откупни цени

agroberzata kje ja podobri trgovijata i kje ovozmozhi fer otkupni ceni

Подобра трговија со земјоделски производи и намалување на неправилностите и малверзациите кои им се прават на производителите со намалување на откупните цени ќе се овозможи со отворањето на агроберзата. На берзата ќе се носат земјоделски производи од цела Македонија, а откупувачите ќе можат да изберат и да кажат колку од кој производ купуваат. Исто така, ќе постои можност откупувачи кои не се присутни на берзата компјутерски да ја направат купопродажбата. Агроберзата ќе биде лоцирана во реонот на Демир Капија и Неготино, а нејзината изградба ќе чини 20 милиони евра, анализира Вечер.

Агроберзата ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата. На агроберзата ќе се врши и калибрирање, класирање, пакување и разладување, определување на цена на берза и утовар и дистрибуција. Со тоа Македонија ќе добие интегриран систем за пласман на земјоделското производство што ќе го намали бројот на учесниците во синџирот на набавка и ќе овозможи поповолна цена за земјоделските производители, но и механизам за воспоставување фер и амортизација на ценовните шокови во периодот на пазарни вишоци.

На агроберзата ќе биде сконцентриран најголем дел од понудата и најголем дел од откупувачите и од Македонија и од странство, а ќе може да се плаќа и купува од интернет.

– Предноста на аукцијата е што има можност да влијае на цената на определен производ во насока на заштита на производителите и доколку на аукцијата има поголема понуда во еден ден, а недоволно побарувачи тогаш складирањето на производот може да се продолжи за да не падне цената и да се понуди во некои од следните денови кога е предвидено тргување. На овој начин се овозможува регулација на цените на свежото овошје и зеленчук во текот на сезоната, сметаат експертите.

На агроберзата ќе можат да се вршат поединечни продажби, блок продажби кои даваат можност за купување од дома и најавени продажби кои значат дека купувачот понудува цена за одредена количина за производ што очекува да го добие во одреден конкретен временски период.

За функционирањето на агроберзата ќе биде воспоставен оператор односно аукциска куќа која ќе се занимава со прием на земјоделски производи. По завршувањето на дневната берба, калибрирање, пласирање, пакување и ладење, откако ќе пристигнат производите во центарот во рок од два часа по што се складираат и разладуваат во текот на ноќта на температура до 4 степени за да се продолжи времетраењето на производот, но ќе врши и определување на цената по примерот на функционирањето на агроберзата во Холандија, со саат и негативна лицитација.

Цената почнува од највисока па се спушта зависно од квалитетот, понудената количина и бројот на купувачи. Ќе почнува со работа во раните утрински часови каде ќе се определува цената на производите. По дефинирањето на цената ќе се дистрибуира до крајните корисници во Македонија или на пазарите надвор.

Аукциската куќа ќе биде задолжена за креирање и спроведување комерцијални проекти, но и за брендирање на македонските земјоделски производи, што ќе биде користено за комерцијални цели. Таа ќе нуди зеленчук и овошје во различни денови и ќе се врши продажба на различни производи односно ќе има денови за продажба на овошје и денови за продажба на зеленчук. Зеленчук и овошје производителите ќе можат да носат на аукција еден ден пред продажба, а контролите за квалитет ќе ги испитуваат и оценуваат производите и ќе ги означуваат според производител. По увидот и определувањето на класата на производот веднаш ќе биде складиран во ладилник.

Производите ќе се продаваат во продажната соба со часовникот. Овој часовник дава различни информации повремено – за квалитетот, цената, количеството итн., а секој купувач ќе има електронски систем со кој ќе биде приклучен и преку кој учествува во системот на купување бележејќи ја количината и видот на производот што го купува.

Со агроберзата ќе биде решена и дистрибуцијата на производите, а на вилушкарите ќе има безжичен компјутерски терминал со цел да се достават производите во продажбата на секој соодветен купувач и да бидат испорачани квалитетно, брзо и квалитетно. На аукцијата ќе можат да тргуваат брокери, но и купувачи самите за себе.

Холандската агроберза по чиј терк ќе се прави и македонската, е лидер на европскиот пазар и е создадена од 29 илјади компании чие производство има од 7,9 милијарди евра и учествува со 40 отсто во вкупното земјоделско производство во Холандија кое претставува главен светски извозник на свежи земјоделски производи. Слични вакви центри има и во Унгарија, во Италија и во Белгија.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. CellSpy mobile phone monitoring software is a very safe and complete tool, it is the best choice for effective monitoring of mobile phones. App can monitor various types of messages, such as SMS, email, and instant messaging chat applications such as Snapchat, Facebook, Viber, and Skype. You can view all the contents of the target device: GPS location, photos, videos and browsing history, keyboard input, etc.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close