АХВ: Битолски путер „Гурман“ од 0,5 до 1 килограм да не се користи небезбеден е
АХВ апелира потрошувачите кои го купиле овој вид на путер да не го консумираат, да го вратат на местото од каде што го набавиле и за тоа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство.
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство открија нови количини небезбеден путер, деклариран како Битолски путер „Гурман“ (Bitolski Puter Gurman), во пакување од 0,5 до 1 килограм. Станува збор за производ произведен и пакуван во објект кој не е одобрен од Агенција за храна и ветеринарство, без надзор и инспекциска контрола, како и без идентификациска ознака.За сторениот прекршок на операторот со храна му е изречена глоба во висина од 2 .000 евра, а со 200 евра казнето е и одговорното лице во компанијата.
Од АХВ соопштија дека е извршен инспекциски надзор кај операторот со храна „Тобако трејд“ од Гостивар, кој го пакувал и дистрибуирал путерот на пазарот преку маркетите „Кипер“. На маркетите „Кипер“, пак им е наредено да ги повлечат сите количини од овој производ и да ги уништат нештетно на депонија. „Кипер“ ќе добие и глоба за набавка на производ без комерцијален документ.
Бидејќи гостиварката компанија не поседувала друга документација за тоа дали овој производ е дистрибуиран и кај други оператори, Агенцијата за храна и ветеринарство се сомнева дека путерот е пласиран и преку други маркети.
АХВ апелира потрошувачите кои го купиле овој вид на путер да не го консумираат, да го вратат на местото од каде што го набавиле и за тоа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство преку info@fva.gov.mkhttps://plusinfo.mk/ahv-bitolski-puter-gurman-od-0-5-do-1-kilogram-da-ne-se-koristi-nebezbeden-e/