fbpx
ВестиСовети

АХВ дава препораки за одгледувачите на животни во услови на снег и ниски температури

kravi

Одгледувачите на животни во услови на ниски температури и обилни врнежи од снег треба да обезбедат вода и храна во количини доволни за задоволување на потребите на сите животни во одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, а храната да е со хранлива вредност соодветна на видот и категоријата на животни, се вели во препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од агенцијата посочуваат дека и покрај тоа што повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури, при појава на ниски температури, особено екстремно ниски кои се проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна дажба на храна која им се дава, а особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат својата телесна температура.

За животните треба да се обезбеди свежа вода за пиење, која е на соодветна температура, а за таа цел препорачливо е одгледувачите (одгледувалишта со автоматски/статичен систем за напојување) навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично за доколку има потреба да ги употребат за напојување на животните.

– При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, а доколку не постои можност тоа веднаш да се направи, привремено да се употребат ќебиња или друг вид на прекривки, но тие во секое време да бидат суви, се вели во препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму додаваат дека треба да се следи здравствената состојба на животните, оние кои даваат млеко да се измолзуваат редовно, а на помалите, млади категории, болните и повредени животни да им се посвети особено внимание. Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар за дополнителен совет или доколку е потребно за интервенции.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close