fbpx
ВестиТоп вести

AХВ ЈА КОНТРОЛИРА БЕЗБЕДНОСТА НА ХРАНАТА И ПРОВЕРУВА ДАЛИ ТАА СОДРЖИ И ТЕШКИ МЕТАЛИ

Агенцијата за храна и ветeринарство врши редовни инспекциски контроли на домашниот пазар, во сите фази на производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна со цел детекција и утврдување на присуство и на тешки метали.Покрај редовните се вршат и вонредни контроли, често постапувајќи и по претставки на граѓаните. Редовно се контролира и храната која се увезува во земјава.

Со редовните инспекциски контроли во 2018 година со извршените лабораториски тестирања, добиена е 1 позитивна мостра кај која е утврдено зголемено присуство на тешки метали (олово). Станува збор за увезен производ зеолит како додаток за исхрана.Од храната која се увезува во Република Македонија во 2018 година со извршените лабораториски тестирања утврдено е присуство на тешки метали (олово) во една мостра замрзнати ја годи по потекло од соседна Србија. Небезбедните јагоди се нештетно уништени во депонијата Дрисла.

И во 2018 година успешно е реализирана Програмата за мониторирање на безбедноста на храната која лани беше составена од 9 подпрограми.Во нејзини рамки беа земени и лабораториски испитани 954 мостри од храна и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. За утврдување на присуство на тешки метали, минатата година лабораториски биле тестирани 66 мостри, од кои четири биле позитивни.Од нив, од мострите земени во велешкиот регион, позитивни на кадмиум биле една мостра од марула, две мостри од спанаќ, од кои  едната била позитивна и на кадмиум и на олово. Присуство на олово детектирана е и во една лабораториски тестирана мостра која била земена од струмичкиот регион.

Согласно Програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија, со подпрограмата за мониторинг за определување на присуство на тешки метали и нитрати во одредени прехранбени производи, лабораториски испитани се и 19 мостри од храна, за испитување на присуство на точно определени тешки метали во определени региони каде има загадување, или каде почвата е природно содржи тешки метали. Во ниту една од лабораториски испитаните мостри не е добиена ниту една позитивна мостра.

Со редовните  инспекциски контроли во 2017 година со извршените лабораториски тестирања, добиени се 7 позитивни мостри кај кои е утврдено зголемено присуство на тешки метали (олово). Станува збор за производи зеолит (една мостра од увоз и 6 од домашно производство)како додаток за исхрана. Од храната која се увезува во Република Македонија во 2017 година со извршените лабораториски тестирања не е утврдено присуство на тешки метали.

Покрај редовните инспекциски контроли, согласно препораките на Европската Унија за мониторирање на штетните агенси во храната, а со цел производство, промет и пуштање на безбедна храна на пазарот и заштита на потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство од 2012 година ја спроведува Програмата за мониторинг на безбедноста на храната која е усогласена со европските програми за мониторинг и препораките на  Светската здравствена организација. Во реализација на Мониторинг програмата  вклучени се инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство.Мострите се земаат во  определен временски период, од определен вид и количина на храна.

Програмата за мониторинг на безбедност на храната за 2017 годинa e успешно реализирана со земање на 857 мостри храна кои се лабораториски испитани.Добиени се 34 резултати со небезбедни лабораториски наоди, од кои 3 небезбедни наоди за резидуиодпестициди во храната (зеленчук и овошје), 24 небезбедни наоди на нитрати, 1 небезбеден наод за тешки метали и 6 небезбедни наоди на материјали кои што доаѓаат во контакт со храна.

Во 2017 година 66 мостри се лабораториски испитани за утврдување на присуство на тешки метали и тоа во трпезно и винско грозје, компир, спанаќ и во марула, од Велешкиот, Неготинскиот и Кавадаречкиот регион. Компир е земен од Берово, Кратово и КриваПаланка. Од испитаните, добиена е само позитивна мостра – спанаќ земен од Велешкиот регион кај која е утврдена дека е позитивна на кадмиум. Истата година, Агенцијата ја реализира и подпрограмата за мониторирање, со определување на присуство на точноо пределени тешки  метали во определени региони чија почва поради природна застапеност или поради загадување е оптоварена тешки метали.Испитувањето е спроведено на одредени видови  храна.

Овој мониторинг е планиран согласно со истражувањата за присуство на тешки метали во почвата, врз основа на користена литература за направеното истражување на загаденоста на почвите со тешки метали во Република Македонија од Природноматематички факултет – Катедра за хемија.Овие тешки метали не се предвидени со Правилникот за контаминенти во храната, но определување на нивното присуство на точно определени производи во овие региони се од национален интерес за заштита на здравјето на населението во Република Македонија.

Земени и лабораториски се испитани 24 мостри во рамки на оваа подпрограма при што не е добиена ниту една позитивна мостра.
Испитувани се кромид од Велес и неговата околина, грозје од Кавадарци и неговата околина, трпезно грозје од Велешко, пиперки од Тетовскиот регион и винско грозје од Радовишко.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close