fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Аирлија тутунари новата сезона! Христина и Марјанчо Цветкоски годинава ќе садат тутун на 40 декари земја

Има најави работниците да бараат и по 250 денари од час!

Христина и Марјанчо Цветкоски се млади земјоделци од прилепско Марул кои и годинава ќе садат тутун покрај другите земјоделски култури. Задоволни се од квалитетот на расадот и за две недели ќе започнат со  садењето.

-Расадот е со одличен квалитет и веќе ги подготвивме нивите за садање со сите агротехнички мерки. Годинава ќе садиме тутун на 40 декари и за две недели ќе почнеме со садење, вели Марјанчо за Зелена берза.

Марјанчо напоменува дека годинава има најави намените работници да ја покачат цената од час извршена работа од 200 на 250 денари.

-Нема работници за по нивите, на младите не им се работи, повозрасните не можат да се ангажираат, и тоа ја крева цената од час за наемен работник. Годинава се зборува дека еден час ќе биде 250 денари, значи 50 денари повеќе од лани на час, велие Цветкоски.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close