Ајварката во струмичко се откупува по цена до 25 денари, во Скопје се продава по минимум 60 денари за кило

За да стасаат од нива па до крајниот потрошувач градинарските производи се препродаваат и по неколку пати. Познатата пиперка за ајвар во моментов во струмичко се откупува од 15 до 25 денари за килограм во зависност од квалитетот, но на пазарите на мало еден килограм од истата пиперка  чини   и по неколку пати повеќе.  Земјоделците велат цената расте во ланецот на препродажба, а профитот го собираат препродавачите и тоа на штета и на призводителите,  но и на крајните потрошувачи.

„Разликата во цената,  мислам дека главниот кајмак  мораме да го признаеме тоа го собираат трговците бидејќи навистина е огромна разликата од 25 па до 50 или 60 денари. Тука најверојатно поминува неколку раце додека да стаса до главниот,  оној што му е потребна, а тоа е консуматорот и затоа достига вака енормни цени. Мислам лека полека треба некој со оваа проблематика да се занимава бидејќи наместо средствата финансиски да завршуваат кај оној што произведува завршуваат кај сосема други лица, вели Ристо Велков, Сојуз на синдикати на земјоделци.

Градинарските производи патот го започнуваат од еден пазар на кој    едни трговци ја откупуваат од производителите,  потоа најчесто на кванташкиот во Скопје ја продаваат на други,  а од таму завршува на пазарите на мало  по двојно или тројно повисоки цени.

Бербата на куртовската капија која започна на почетокот од август привршува, најголемиот дел од производството или околу 70% веќе е предадено.  Годинава  површините со ајварка во струмичко беа зголемени за околу 25% во однос на  лани, но поради лошите времеснки услови и невремето кое го зафати регионот родот беше намален  за околу  15 %.

 


 

sitel

 

Share Button