fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и топло со мала облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15 степени, а дневната температура од 20 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 28 степени.

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.). Температурата значително ќе се намали.

Слични написи

Back to top button
Close