fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ако откупот на тутунот не надмине 15.000 тони, ПЛУС 20 денари по кг. за тутунарите

Што мислите колку тежи реколтата, дали тутутнарите ќе ги земат овие пари?

Доколку вкупната откупена количина тутун не надминува 15.000 тони, за дополнителни 20 денари се зголемуваат субвенциите, по класи за предаден тутун, посочи министерот Љупчо Николовски.

-Нова мерка креираме и за тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин да го стекнат правото за оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Дополнително за оваа реколта креираме уште една нова мерка. Доколку вкупната откупена количина тутун не надминува 15.000 тони, за дополнителни 20 денари се зголемуваат субвенциите, по класи за предаден тутун, посочи министерот Љупчо Николовски.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close