fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Да се јаде леб и сирење веќе не е евтино! Од септември се најавуваат повисоки цена на 1.000 производи

По излегувањето на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, на светските берзи цената на пченицата веднаш се зголеми

По излегувањето на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, на светските берзи цената на пченицата веднаш се зголеми, а тоа пак за пекарниците ќе значи и промена на цените на лебот. Ако нема некаква интервенција од државата, новите поскапувања на лебот и на белите печива ќе биде неминовно, велат претставници на пекарската индустрија.

Членови на Пекарската занаетчиска комора најавуваат дека белиот леб што сега го купуваме за 35 денари, наскоро ќе се продава за околу 40 денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека иако во однос на претходниот месец има мало намалување на вредноста на потрошувачката кошница во јуни, трошоците за храна и пијалаци се зголемени.

Од септември се најавуваат повисоки цена на 1.000 производи кои државата ги смета за луксуз.

Министерот за економија Крешник Бектеши ветува дека ако има потреба власта со нов пакет мерки ќе им помогне на граѓаните.

.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close