вестиМакедонијаТоп вести

Исплатени субвенциите за одгледувачите на говеда

Исплатени субвенциите за одгледувачите на говеда

goveda
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 12.500 сточари кои одгледуваат говеда исплати 354 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение појаснува дека станува збор за исплата по мерката „Директни плаќања за обележани грла говеда“.

Изминатиот период Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, за градинарите, за лозарите и овоштарите. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредните денови ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта. Оваа Влада од почеток на мандат до денеска исплати финансиска поддршка од околу 370 милиони евра за развој на агро – секторот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close