fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ако сакате тутун ќе мора да го платите-Каракашев до откупувачите

Како Национална земјоделска мрежа повторно укажуваме до ресорното министерство, откупните фирми и Сојузот на земјоделски здруженија најитно да се покачат цените и непречено да почне овогодишниот откуп на тутун.

Почитувани тутунопроизводители!

Во текот на вчерашниот ден и официјално започна овогодинешниот откуп на тутунот. Сите откупни фирми ги отворија вратите на сите откупните пунктови. Според последните информации нема никакви корекции на откупните цени и тутунопроизводителите се одлучни да не предават тутун по овие девалвирачки цени што не ги покриваат ни елементарните производни трошоци. Како Национална земјоделска мрежа повторно укажуваме до ресорното министерство, откупните фирми и Сојузот на земјоделски здруженија најитно да се покачат цените и непречено да почне овогодишниот откуп на тутун. Тактизирањето, одоговлекувањето на откупот и манипулациите со вакиот однос од страна на откупните фирми преку игнорирање на барањата на тутунопроизводителите и одоговлекување на откупот овој пат нема да ви помине.  Прочитани сте господа!

Ако сакате да го купите овогодинешниот екстра квалитетен тутун кој е произведен во услови на висока инфлација и огромни трошоци за производство ќе мора да го платите по реални еконосмки откупни цени  се друго надвор од ова ќе го сметаме за повторен обид за грабеж на тутунарите. Тутунот е наш производ и ние како производители сме тие што ја определуваме цената на нашиот производ. Цврсто сме решени и истрајни да опстоиме на нашите оправдани барања.

Ѓорги Каракашев-Национална земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close