fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Акумулацијата Паљурци е речиси на биолошкиот минимум

Ако во минатото системот за наводнување опслужувал 550 ха земјоделско земјиште во моментов опслужува околу 220 хектари земјоделско земјиште што директно влијае на количината произведени земјоделски производи.

Акумулацијата Паљурци е испразнета заради негрижата на власта и околу 1000 земјоделци ќе останат без егзистенција, Трипуновски апелира да се активираат пумпите за спас на сезоната. Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во теренска работна посета на општина Богданци каде што оствари средби со повеќе земјоделци, едно земјоделско здружение и исто така ја посети браната на акумулацијата Паљурци. Тој вели дека обработливото земјоделско земјиште е преполовено и прогнозира дека околу 1.000 земјоделци ќе останат без егзистенција.

-Ако во минатото системот за наводнување опслужувал 550 ха земјоделско земјиште во моментов опслужува околу 220 хектари земјоделско земјиште што директно влијае на количината произведени земјоделски производи. Акумулацијата Паљурци која има капацитет од 3 милиони метри кубни вода, во моментов има 350 илјади метри кубни што е блиску до биолошкиот минимум кој изнесува 300 илјади метри кубни што доволно говори за негрижата за акумулациите и хидро системите во Република Македонија- вели Трипуновски.

Немањето на сигурен дотур на вода до земјоделските површини е еден од главните проблеми кои се посочени од земјоделците од Богданци, Стојаково и Ѓавато за намалување на интересот за обработка и производство на раноградинарски култури, лозарство и овоштарство. Тенденцијата на намалување на обработка на земјоделски површини ќе се намали доколку најитно не се обезбеди дотур на вода во акумулацијата Паљурци од хидро системот Ѓавато.

Трипуновски изјави дека уште во понеделник ќе разговара со надлежните од Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и ќе достави барање до Владата за обезбедување на потребни средства за пуштање во употреба на хидро системот Ѓавато како би се обезбедиле потребните почетни количини вода за да имаме непречен старт и создавање на услови за сигурност за старт на пролетната сезона.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close