Агро бизнисБез категоријаВести
Албанија забрани увоз на македонско свинско месо
Причината за новата забрана е во тоа што во земјава се откриени случаи на заразено свинско месо со болеста „африканска чума“.
На неопределено време гласи забраната на Албанија за увоз на свињи, месо и нивни производи од македонска територија. Оваа оддлука ја донело албанското Министерство за земјоделство и рурален развој јавува албанскиот медиум, Ора Њуз.
Според објавата, причината за новата забрана е во тоа што во земјава се откриени случаи на заразено свинско месо со болеста „африканска чума“.
Сепак, според одлуката на албанските власти доколку со сертификати се докаже дека свињите или нивното месо и производи од свинско месо, не се заразени, тогаш ќе биде дозволен нивен увоз.
Во петокот од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека во Кумановско повторно е регистрирана болеста африканска чума кај свињи.https://www.slobodnaevropa.mk/