fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ДОКТОРИ, МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ

„Здравјето е човеково право“

Под силен впечаток од оваа моќна изјава, но и свесни за околностите во кои грижата за пациентите станува се покомплексна, вработените во Алпско деновиве иницираа неверојатна акција за поддршка на медицинските работници на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје.

Имено, по примерот на многу поединци и компании кои несебично се вклучија во поддршка на медицинските работници локално и глобално, Алпско млеко самоиницијативно одлучи да дистрибуира бесплатни појадоци за вработените на Клиниката за инфективни болести и со тој скромен гест да им се заблагодари за сета грижа и пожртвуваност во ова време на пандемија.

„Сакавме да им се заблагодариме на сите здравствени работници за сé што прават за здравјето и безбедноста на нашите граѓани. Свесни сме дека во вакви тешки моменти секоја помош е добредојдена и на овој начин одлучивме барем малку да им олесниме на сите што несебично се борат со овој огромен предизвик. Здравствените професионалци се луѓе што си ја вршат својата работа совесно и одговорно и ние сме многу благодарни за тоа“ – изјави претставник од Алпско.

Иницијативата да се поддржат медицинските работници кои, како никогаш до сега се под голем товар е да им се помогне користејќи го главниот извор на компанијата; здрав и вкусен јогурт со топло домашно пециво подготвено со многу љубов. Така, вчера беа испорачани 180 оброци според распоредот на докторите и сиот медицински персонал на Клиниката.

„Знаејќи дека околностите со вонредни повици и состојби за медицинските лица значат немање  загарантирано време за појадок или за кафе, решението се наметна само од себе – на овие луѓе им треба оброк! Контактиравме со Клиниката и се согласивме да им доставиме здрави и вкусни појадоци на медицинските лица според распоредот и количината што ја бараа“ – додаваат од компанијата.

Преку ваквите и слични иницијативи согледуваме колку е важна солидарноста и колку си требаме едни на други. А со благодарноста искажана кон храбрите и совесни доктори и медицински лица, на сечија радост е воочиливо дека сеуште постои многу добрина меѓу луѓето.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close