fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ=9

Минималната температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а максималната до 40 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

В петок и особено в сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Слични написи

Back to top button
Close