fbpx
ВестиМакедонија

Анѓушев: Ако се изградат уште 200 мали хидроцентрали, бенефитот за државата ќе биде околу 360 милиони евра

Многу е мала бројноста на капацитетите во државата кои ги користат обновливите извори на енергија за производство на струја, па поради тоа и нивното учество во вкупно произведената енергија во државава е ниско.

Многу е мала бројноста на капацитетите во државата кои ги користат обновливите извори на енергија за производство на струја, па поради тоа и нивното учество во вкупно произведената енергија во државава е ниско. Постојат услови за зголемување на бројот на овие капацитети и нивната изградба треба што повеќе да се стимулира и поддржи од сите фактори во државава, затоа што придобивките се големи. Пред сѐ од еколошки аспект, поради намалување на штетните емисии на јаглерод диоксид, но и затоа што ќе се намали потребата за увоз на струја и ќе се намалат загубите во системот, а сето тоа ќе има силен ефект врз економијата.

Ова го посочи Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на мали хидроцентрали на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, кој во презентацијата за значењето на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во земјава, рече дека институциите треба да работат на олеснување и на забрзување на процедурите за издавање на решенија на компаниите кои сакаат да градат капацитети од ОИЕ како и за локални проекти, по примерот на западните земји, затоа што енергијата од ОИЕ е нашата енергетска иднина.

Анѓушев го потенцира значењето од изградбата на мали хидроцентрали.

„Треба да се поттикне изградбата на мали хидроцентрали. Ако се изградат уште 200, сега се 103, придобивките за државата ќе бидат големи, околу 360 милиони евра, во смисла на ангажирање на домашни градежни фирми, фирми за опремување како и плаќање на разни други надоместоци на државата, концесии и слично. Државата има само бенефити од малите ХЕЦ, затоа што изградбата е исклучиво со средства на приватниот инвеститор“, рече тој.

За значењето од поголемото производство на струја од ОИЕ, како пример Анѓушев го посочи фактот дека, ако се затворат термоелектричните централи, за годишен увоз на струја државата би требало да даде 187 милиони евра, или да се увезат 67 отсто од вкупните потреби. Според сегашната состојба, увозот зафаќа 26 отсто од потребите, додека од сите изградени и пуштени во работа електрични централи во земјава, 64 отсто работат на необновливи извори на енергија.

Според податоците од денешната презентација, 50 отсто од сите капацитети кои работат од необновливи извори и кои испуштаат јаглерод диоксид се во државна сопственост, 29 државни капацитети работат на ОИЕ, 14 се приватни и работат од необновливи извори, а 7 се приватни инвестиции од ОИЕ.

Притоа, 55 проценти од вкупно произведената струја во 2020 година, од 5.164 гигават-часови, била од термоцентралите на јаглен, 21 отсто од централите на гас, 17 отсто од големите хидроцентрали, 4 отсто од малите, два отсто од ветерните централи и од фотоволтаиците, а само 0,4 отсто од централите на биомаса.https://meta.mk/angjushev-ako-se-izgradat-ushte-200-mali-hidroczentrali-benefitot-za-drzhavata-kje-bide-okolu-360-milioni-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close