fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Антонио Ангеловиќ, земјоделец од Овчеполието-ни требаат помали трактори од 200 коњски сили

Мерката за финансиска поддршка за купување нови трактори е добра, но проблем е што се дава само за големи трактори за кои реално нема потреба во Македонија, бидејќи поголем дел од луѓето кои се занимаваат со земјоделство имаат мали површини.

Антонио Ангеловиќ, земјоделец од Овчеполието, вели дека има сè помалку интерес меѓу младите за обработка на земјиштето. Мерката за финансиска поддршка за купување нови трактори е добра, но проблем е што се дава само за големи трактори за кои реално нема потреба во Македонија, бидејќи поголем дел од луѓето кои се занимаваат со земјоделство имаат мали површини, пренесува Вечер прес.

-Нам ни требаат помали и поедноставни трактори од 200 коњски сили, а не големи, кои не ни вршат многу работа. Малите трактори трошат и помалку нафта и се поедноставни за користење. Јас досега имам земено два трактора со субвенции и сега аплицирав за новата мерка, бидејќи ми треба уште еден трактор. Имам земјоделска површина од 700 хектари, од кои 200 се насадени со пченица, 300 хектари со јачмен, а останатите со сончоглед и сточна храна – вели Ангеловиќ.

Земјоделците велат дека условите за добивање финансиска поддршка за набавка на нов трактор сега се малку заострени, бидејќи парите се даваат од Националната програма за рурален развој, а не од ИПАРД-програмата. Но, сепак, како што велат, мерката ќе им помогне на оние што имале во план да го заменат својот стар трактор и да ја обноват земјоделската механизација.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close