fbpx
ВестиТоп вести

Калемење на диви круши во с.Горно Српци

И оваа година се одржа активност за калемење на диви сливи и круши.  16 –тата по ред акција се одржа во с. Горно Српци општина Битола. Акцијата ја реализираа ученици од средното земјоделско училиште  „Кузман Шапкарев“ Битола, предводени од својот професор Јоцо Кузмановски. Тој е иницијатор и на претходните акции што беа организирани на различни локации низ државата.

-Денес претежно калемевме сливи и круши горници.  Калемите од ланската  година се фатени, па се надеваме дека и годинешната акција ќе биде успешна. Над 800 калеми се денеска ставени. Работевме во пет групи на повеќе локации на с. Горно Српци и повеќе ридчиња околу селото, но главното калемење беше овде околу  манастирот посветен на Св. Богородица, изјави  проф. Јоцо Кузамновски.

Ваквите акции се од голема важност не само за еко системот туку и за зголемување на локалната економија кај месното население. Процесот на калемење е еколошки без употреба на никакви хемиски препарати, одличен за органско производство.

-Заинтересираноста кај месното население е многу голема. Тие често доаѓаат кај калемените дрвца и ги проверуваат. Им давам упатсва како да ги одржуваат, што треба да се направи и  како да постапат, објаснува Кузмановски.

Во акцијата  директно беа вклучени ученици од средното земјоделско училиште . имаа одлична можност своите теоретски знаења, како се калеми,  да ги употребат директно на терен. Им помагаа и повозрасни ентузијасти, љубители на природата, кои ги поддржуваат ваквите акции.

Кузмановски изрази надеж дека ваквите акции ќе продолжат редовно да се одржуваат, а со оглеед на фактот дека се многу успешни се надева дека ќе се јават повеќе подржувачи како од приватниот сектор така и од државните институции.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close